More

    МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ЌЕ ИМ КУПИ ОГЛЕДАЛО НА ПРАТЕНИЦИТЕ

    spot_img

    Законот за амнестија ја доби поддршката во владина постапка и за десет дена ќе биде пред пратениците во Собрание. Тврдам дека ниту еден избран или именуван од страна на институциите нема да биде опфатен со амнестијата, исто така ниту семејното насилство и предмети врзани со семејно насилство нема да бидат дел од амнестијата. Значи, се повторува законот од 2018 година, кога предлагач беа сите политички партии, со тоа што беше и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, ДУИ, Алијанса и сите други политички партии кои се дел од Собранието, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога.

    Тој нагласи дека очекува поддршка од сите пратеници и политички партии, бидејќи, како што рече, ова не е за секојдневната политичка агенда, туку произлегува од неговата посета на затворот Идризово.

    – Видовите и сами дека државата не е на ниво, на тоа што го бара законот и на тие стандарди кои се дел од нашиот систем. Очекувам поддршка и освен албум со слики од мојата посета, ќе купам и огледало, за секој пратеник да се гледа пред да гласа за овој закон. Јас носам одговорност за условите за овие шест месеци, сите други треба да сносат одговорност од 1945, а особено од 1991 година – нагласи Лога.

    Ако државата нема можност да ги рехабилитира лицата со помали тешки дела, тогаш, посочи Лога, тие ќе треба да се вратат дома како насилници или како криминалци.

    – Не очекувам дека ќе биде блокиран, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ и другите партии ќе треба да се демантираат самите себеси од 2018 година. Законот е ист, не се додавани, туку се изземени кривични дела – изјави Лога.

    Тој додаде дека веќе се обезбедени средства и дозвола за градба на нов објект во КПД Идризово и најави тендер до крајот на ноември годинава.

    – Се очекува после сите постапки, во рок од четири години истиот да биде пуштен во употреба. До тогаш, јас и целта на овој закон е, да имаме амнестија за да може овој сив период од четири години, да може државата да делува како што се очекува од една сериозна држава – појасни Лога.

    Прашан за тоа дали со законот излегуваат дел од осудените за случајот „Монструм“, тој рече дека прашањето е тенденциозно и се врзува само со еден предмет и повика да не се игра со имиња и емоции на случаи.

    – Кажав дека е истиот закон од 2018 година. Ако во 2018 такви дела биле амнестирани, пак ќе се амнестираат. Значи, законот не влегува во конкретни предмети. Законот е ист и таков ќе биде предложен до Собранието – изјави Лога.

    Од таму, посочи Лога, нема да излегуваат академици, туку се знае дека ќе излегуваат затвореници осудени за кривични дела.

    – Значи само во ВМРО-ДПМНЕ може да се случи затворник да влегува како криминалец, и да излезе како академик и да се пречека во палатата како да е некој јунак во државата – изјави Лога.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img