Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал на консултации амбасадорот во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, објави Канал 5.
Причина за повикот за консултации е поради постојано непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиски недисциплина, како и трошење средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва.
Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.
Според Канал 5, финансиската недисциплина е поврзана со затајување материјални средства од сукцесија на објекти и трошење пари спротивно на постапките и процедурите во Министерството за надворешни работи.
Вчера, Министерството за надворешни работи го повика на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди.