Министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство претседавач на ОБСЕ утрово пристигна на Главната железничка станица во Киев, информира Министерството на надворешни работи.
– Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија. Воедно, во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина – велат од МНР.
Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето – состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!