Најголеми шанси да стане нов премиер на Србија има актуелниот министер за финансии Синиша Мали, а во игра се уште три имиња од Српската напредна партија (СНС), пренесе Бета.
Според денешното издание на „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои информации, станува збор и за Ана Брнабиќ, Милош Вучевиќ и Горан Весиќ.
Најмалку шанси да биде нов српски премиер има заменик-градоначалникот на Белград, Весиќ, пишува „Новости“.