More

    Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница, што почна на 15-ти месецов, се намалени за 10% и повеќе

    spot_img

    Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница, што почна на 15-ти месецов, се намалени за 10% и повеќе.

    Државниот пазарен инспекторат, пак, како што соопшти директорот Влатко Стојаноски, регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на 2-3 трговски субјекти. Инспекторите не регистрирале отстапување од договореното за поевтинување на производите за 10%, во однос на нивната најниска цена во последните 30 дена пред почетокот на акцијата. Листата со производи од акцијата, како што соопштија, од стартните 600 надминала 1.100 и е отворена.

    – Денеска бевме во посета на маркетите за да видиме дали се ставени прозиводите во маркетите што беа понудени од трговците, проиозводителите и од дистрибутерите во Новогодишната кошница. Видовме дека се означени со ознаката, тие производи, што се ставени на листата, се намалени за 10% и повеќе. Ме радува фактот што за многу кратко време бројката на производи достигна над 1.100 од 95 трговци на 42 ланци на маркети – изјави Дурмиши кој беше придружуван од заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, и од директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

    Дурмиши апелира трговците да ја почитуваат мерката како што рече, „до крај“, а покрај Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), посочи дека граѓаните се најголеми инспектори и ги повика да пријават неправилности.

    – Оваа мерка беше на иницијатива на трговците, производителите и дистрибутерите, поддржана од страна на Владата. Државниот пазарен инспекторат е на терен за да види дали се спроведува. Апелирам до сите трговци да ја почитуваат мерката додека трае до 15 јануари 2025 како што ја почнаа првите денови затоа што ова е нивна мерка. Најголеми инспектори се граѓаните, ако забалежат изигрување на цените да се јават на бесплатниот број 191 или а ве страната на ДПИ – рече Дурмиши.

    Директорот на ДПИ, Стојкоски, изјави дека не се забележани неправилности во поголеми размери и оти постапуваат и по поплаки од граѓани.

    – Во овие 5 дена ДПИ регистрира ситни забелешки во смисла на означувањата и ситни корекции на цените кај 2-3 трговски субјекти. Не се забележани неправилности во поголеми размери. Можам да заклучам дека сите чинители во овој процес го почитуваат договореното – изјави Стојкоски.

    Според него, мониторингот, што го спроведе ДПИ пред стартот на акцијата, покажал дека серозно се почитува договорното и трговците на дело покажуваат општетсвена одговорност.

    – И според Законот за заштита на потрошувачите, како Пазарен инспекторат, имаме право и ја контролираме најниската цена во последните 30 дена, односно на најниската цена – минимум 10% намалување. Го контролираме тоа, во тек сме и немаме некакви драстични разлики – рече Стојкоски, прашан за коментар на критиките од граѓаните дека трговците, пред да стапат во сила мерките и за есенската и за новогодишната кошница, ги зголемиле цените и подоцна во пракса нема никакво намалување.

    Акциската листа опфаќа леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго. Тие производи на полиците во трговските ланци треба да бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

    За заштита на стандарот на граѓаните, поради покачувањето на цените што е особено карактеристично пред празниците, покрај новогодишна кошница, Владата најави и велигденска и рамазанска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img