More

    Министерот Спасовски во „Македонија наутро“ на МТВ: Македонската полиција ќе обезбеди мирно чествување, нема да дозволиме понижување на македонскиот народ од никого

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во утринската програма „Македонија наутро“ на МТВ одговарајќи на прашањето околу капацитетите на МВР за мирно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, потенцираше дека македонската полиција има капацитети во било какви услови да ја задржи безбедноста и мирот и спокојот на граѓаните.

    „Граѓаните воопшто не треба да се грижат дека ќе бидат преземени сите мерки за достоинствено чествување, без никакво нарушување на јавниот ред и мир. Оваа држава има свои институции кои што се задолжени за зачувување на јавниот ред и мир. На основа на проценките, ќе биде активиран план кој ќе придонесе за мирно чествување. Присуството на полицијата треба да биде на наше задоволство дека ќе се осигура мирно и достоинствено чествување, а не да се вознемируваме дека има присуство на полицајци. Тие се тие коишто нѐ штитат и ни создаваат атмосфера во којашто сите ние безбедно живееме и работиме“, рече министерот Спасовски.

    Министерот Спасовски, исто така, истакна дека најавите за некакви „ноќни стражи“ се едноставно неприфатливи, а полицијата е таа која ја гарантира безбедноста на граѓаните.

    „Ниедна политичка партија не може да присвои некој лик и нечие дело. Тој му припаѓа на македонскиот народ. Единствено нешто што го заслужува Гоце Делчев е да имаме достоинствено чествување на негово дело. Ние како држава водиме политика на добрососедски односи, тука нема дилема, меѓутоа затоа бараме почит и достоинство. Од тие принципи ние не отстапуваме. Сакаме да подадеме рака на секого, меѓутоа жестоко ќе се спротивставиме доколку некој сака да ја понижи Македонија и македонскиот народ“, категоричен беше Спасовски.

    Министерот Спасовски за време на гостувањето во утринската програма уште еднаш испрати апел за достоинствено чествување, порака до сите дека секој поединец ја носи својата лична одговорност за заедничката безбедност, за демократско однесување и дека македонската полиција е целосно подготвена да обезбеди услови за достоинствено чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев без никакви нарушувања на јавниот ред и мир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img