More

    Министерот Спасовски сведочеше пред Анкетната комисија

    spot_img

    Не е точно дека Министерството за внатрешни работи не презело никакви мерки во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, одговори првиот човек на МВР Оливер Спасовски на прашање на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната седница на Анкетната комисија на Собранието за настаните на Клиниката за онкологија.

    Спасовски на денешната седница на Анкетната комисија рече дека МВР започнало да ја следи работата на Онкологија уште пред повеќе од 10 години, односно од мај 2012 година, од кога имало индиции за злоупотреба на цитостатици на лекови.

    Поранешниот министер за здравство Беким Сали, кој беше прв сведок на сослушувањето, рече дека не знаел дека во клиниката постоел КАТО-систем, и додаде дека за случувањата во Онкологија дознал преку медиумите.

    Јавното обвинителство на крајот на минатиот месец поднесе обвинение за „проневера“ против медицинската сестра од Клиниката за онкологија, која крадела цитостатици. Таа досега не е достапна за органите на прогонот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img