More

    Министерот Спасовски, по повод „Детската недела“, го отвори својот Кабинет за најмладите

    spot_img

    Денеска (03.10.2023) во рамки на „Детската недела“ која се одбележува секоја прва недела во месец октомври со цел развивање на општествената активност за афирмација на заштитата на децата, а како продолжение на проектот „Отворен кабинет“ на Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски го отвори својот Кабинет за децата од Јавната општинска установа – детска градинка „Ангел Шајче“ од Куманово, која работи со престој на деца како од предучилишна, така и од училишна возраст. 

    Целта на посетата беше најмладите да се запознаат со професијата полициски службеник, неговите основни работни обврски, како и со дел од опремата и возилата кои полицијата ги користи во секојдневното работење во функција на што поголема безбедност на граѓаните. Дечињата се интересираа и за работата на министерот, а го почестија и со убава детска песничка при што Спасовски со големо задоволство им ги покажа цртежите кои го красат неговиот Кабинет а кои децата му ги подарија на минатата средба во Куманово.  Министерот Спасовски како домаќин на најмладите посетители на својот Кабинет им го објасни значењето на полицијата во општеството, потенцирајќи ја важноста на целокупната безбедност, а посебно онаа на најмладите кои се најголемото богатство не само за нивните родители, туку и за државата во целост и им додели пригодни подароци. Притоа, министерот Спасовски разговараше со нив и за неопходноста да бидат посветени во учењето, со што ќе се стекнат со богато знаење, да продолжат да ги сакаат и почитуваат своите родители, учителите, блиските и другарчињата, да се грижат за сопственото здравје и за животната средина и да израснат во примерни граѓани кои ќе ја сакаат, ќе се грижат и ќе ја водат државата. 

    Претходно, дечињата во кругот на МВР беа пречекани од припадниците на Единицата за брзо распоредување, на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Униформираната полиција, каде имаа несекојдневна можност да разгледаат дел од опремата на полицијата, а воодушевување кај нив предизвикаа и дел од боречките вештините кои ги негуваат припадниците на МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img