Министерот Спасовски најави дека на 14 јуни ќе се поднесат законските решенија за лицата без документи

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 14 јуни ќе бидат поднесени законските решенија од страна на пратениците за лицата, кои се практично фантоми, невидливи за системот, изјави денеска во Штип министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарско прашање, кога ќе се реши овој проблем за околу 700 лица во земјава, кои не можат да си ги остварат основните човекови права. Спасовски истакна дека тој и раководството на МВР се на став дека треба да се донесат законски решенија во коишто трајно ќе се реши целиот овој проблем.

– Според информациите на институциите, пред сѐ, Собранието, нивното предвидување дека на 14 јуни ќе се поднесат законските решенија од страна на пратениците коишто се во консултација со сите пратенички групи и со институциите, значи МВР е вклучено во делот на експертската помош да се изготват овие законски решенија. Идејата беше преку таа отворена јавна дебата која што ја направивме во Собранието, сите пратенички групи да бидат вклучени и на тој начин да го затвориме ова прашање. Тоа ќе биде добро за државата бидејќи конечно ќе се затвори еден процес и ќе бидеме една од првите држави коишто практично по потпишувањето на Конвенцијата за лица без државјанство ќе го разреши целиот овој проблем, вели Спасовски.

Забележа дека случајот со Мемет не е практично во групата на овие лица бидејќи тој е лице кое што има извод и  е запишано во матичната книга на родените. Проблеми настанал од моментот на хоспитализацијата.

-Притоа е пријавено со друго лице, со негови документи и при утврдувањето на ДНК практично се утврдуваат нови факти коишто бараат промена во институциите веќе на извод на матичната книга на родени и следствено на тоа да се издаде и извод од матичната книга на умрените. Така што, тоа е прашањето кое што се однесува во однос на ова лице, вели Спасовски.

На новинарско прашање дали според сегашната динамика ќе се успее навреме граѓаните да ги променат документите според утврдениот рок и дали можеби малку предоцна се алармираше за овој проблем, Спасовски со одговор дека уште на првиот ден кога стартувале  со издавањето на документи тие посочиле дека има пет години за да се  променат сите тие документи коишто ги имаат граѓаните.

-Стартувањето со новите документи опфаќа период практично од три години од моментот кога ние сме го започнале целиот овој процес. Така што, скоро 50 проценти од резидентното население ги имаме променето личните документи – лични карти и пасоши, некаде околу 770 илјади веќе се променети. Меѓутоа, секако дека интензивно се работи на овој процес. Сите служби се ставени во функција, како ќе се зголемува интензитетот така го зголемуваме и работното време. Секако дека ќе се работи и за време на викенди доколку тоа е потребно за да се излезе во пресрет на граѓаните, вели Спасовски

Посочи дека  граѓаните треба да се пријавуваат и појавуваат  термините коишто ги добиваат за да можат да си извршат проверка. Смета дека тоа е важно, бидејќи какошто вели мораме да го напуштиме тој концепт којшто сите го имаме да можеме денеска да се јавиме и утре да ја завршиме целата работа.

Share This Article