Министерот Шаќири најави пакет мерки за идната недела

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Како да се унапредат механизмите за безбедност во училиштата и превенирање на меѓуврсничкото насилство, беше тема на конференцијата која денеска ја организираше Меѓународниот универзитет во Струга, а на која учествуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, како и повеќе претставници на академската и експертската заедница од областа.

– Добро е што голем број страни се вклучија со свои сугестии и размислувања, меѓу кои и Меѓународниот универзитет во Струга, и мислам дека тоа што ќе биде усвоено како финално, ќе дава добар ефект, доколку во целост се почитува од сите на кои се однесува – рече Шаќири, информирајќи дека паралелно продолжуваат и консултациите за изработка на сеопфатен протокол и прирачници за училиштата.

Во своето обраќање министерот Шаќири рече дека Министерството за образование и наука подготви конкретни препораки за училиштата со цел го зачуваат мирниот амбиент и да се справат со меѓуврсничкото насилство доколку биде детектирано. За истите, како што рече, ќе се дискутира на владина седница во текот на утрешниот ден.

Меѓународниот универзитет во Струга често е цел на напади на опозициски политичари кои обвинуваат за непридржување кон стандардите во високото образование, ангажирање професори без нострифицирани дипломи, а во 2018 година таму се случи скандал кога инспектори на МОН беа физички нападнати и избркани.

Инаку, министерот Шаќири, кој е дипломиран економист од Државниот универзитет во Тетово, во 2008 година се запиша на постдипломски студии на Економскиот факултет при Меѓународниот универзитет во Струга, каде во 2010 година одбрани магистерски труд и стана магистер по економски науки.

Share This Article