Министерот Сали тврди дека ги знае проблемите на примарното здравство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Зголемување на капитацискиот бод, промена на начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти, воведување нови лекови, како и нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, побараа денеска матичните лекари кои излегоа на протест пред Министерството за здравство.

Тие најавија дека денеска нема да прегледуваат пациенти, а од утре следува повеќедневен штрајк.

Претседателот на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова истакна дека протестот е последен крик за спас на приватните матични лекарски ординации.

– Оставивме доволно време да се формираат групите, но тие не проработеа. Бараме покачување на капитациониот бод, кој пред четири години беше зголемен на 63 денари по пациент и оттогаш не добиваме никакви средства плус, а сѐ е поскапено, гориво, струја, животни трошоци – рече Чолакова-Дервишова.

Таа посочи дека бараат да се смени начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти и да се воведат нови лекови. Воедно бараат да се најде нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, односно се бараат решенија за да има лекари и за опстанок на примарното здравство.

На протестот дојде и министерот за здравство Беким Сали, кој изјави дека добро е запознаен со проблемите на примарното здравство.

– Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање – рече Сали.

Тој додаде дека засега работат на три можни модели за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари.

Share This Article