МИНИСТЕРОТ САЛИ ЌЕ ДОБИЕ ОТКАЗ ТОКМУ НА ЗАМИНУВАЊЕ!?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека смртта на Благојче Илиевски, пациент со цистична фиброза кој не доби терапија со лекот „трикафта“, е прерана. Ковачевски јавно му посочи на министерот за здравство Беким Сали: „Да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат“. Дециден е дека иако не се знаело дали „трикафта“ ќе го излечи Благојче, тој лек можел да му го продолжи животот.

– Јас сум станат денес веројатно најрано откако сум вработен, скоро 23 години. За мене навистина е тажен ден. Не само за семејството на Благојче кое не го знам, туку и за целата земја. Благојче се бореше до последниот ден со оваа ужасна болест. Тоа е херојска борба. Но за жал на самиот крај, неговото тело не издржа. Најтажно од сè е што најверојатно неговата смрт е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. И можевме уште малку да ја одложиме агонијата на неговото заминување – кажа Ковачевски.

Виновна е „неверојатната бирократија“

Тој додаде дека зборувал и со директорите на двете клиники каде се лекувал Благојче.

– Дознав дека има пациенти кои се во навистина тешка состојба и на кои лекот „Трикафта“ нема целосно да им помогне, сепак, тоа не може да го тргне чувството на тага и гнев дека имало и најмала шанса да направиме нешто повеќе за Благојче. И прашањето е зошто не направивме, зошто се одложи сè и откако ветивме, а правните и експертските тимови седнаа да најдат решение? Ќе ви кажам најотворено. Тоа е нешто што секој од вас го мисли, но нема можност да го каже. И веројатно најголемиот дел од граѓаните го мислат и не можеле да го кажат. Тоа е поради истите причини од кои нашата земја пати веќе 30 години – неверојатна бирократија. Бирократија, која стартно размислува зошто нешто не може да се направи, бирократија која скоро никогаш не размислува зошто нешто треба да се направи, бирократија која очигледно нема ништо против да почека додека граѓаните страдаат. Бирократија не се некои луѓе од друга планета, бирократија сме сите ние. Редно време е да се соочиме со тоа – додаде Ковачевски.

Тој рече дека државата мора да го спречи непотребното страдање на било кој граѓанин.

– На министерот за здравство му кажав дека оваа ситуација е неприфатлива. Да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам потоа. Јас немам намера да чекам низ бирократските лавиринити да се преземе нешто – додаде Ковачевски.

Првите пари стигнаа, но за Благојче задоцнија

Инаку, функцијата на министерот за здравство наголемо се спомнува во преговорите за влез на Алијанса на Албанците во владата. Веќе има информации дека тоа министерство ќе го раководи кадар на Алијансата, а партијата Алтернатива, од каде доаѓа стоматологот Беким Сали, мора да го отстапи.

- Advertisement -
Ad image

Министеорт Сали денеска објави на Фејсбук дека конечно се одобрани пари за првите дози Трикафта за осум пациенти, од вкупно 30 дози колку што прифати владата да бидат одобрени, на предлог на Министерстфвото за здравство, минатата недела. На листата на Асоцијацијата на болните од цистична фиброза има вкупно 64 лица, а се претпоставува дека нивниот број е и поголем, до 130 во земјава. Асоцијата денеска организира протест пред владата за да го изрази својот револт затоа што државата одолговлекува со одобрувањето пари за оваа категорија болни со ретки болести, такашто еден од нив – Благојче Илиевски, почина на 42 годишна возраст.

Share This Article