Министерот Османи ја коментираше изјавата на Марија Габриел во врска со уставните измени

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Преговарачката рамка е ѕидот кон новите бугарски барања, но уставните измени се многу поголема пречка, изјави денеска министерот за надворешни работуи Бујар Османи запрашан во врска со изјавата на неговата бугарска колешка Марија Габриел кој изјави дека уставните измени нема да бидат единственото бугарско барање за Македонија на патот кон ЕУ.

Османи стравува дека постои можност да ни се повтори Букурешт од 2008 година:

-Не е многу важно сега дали Бугарија во иднина ќе има нови барања, важно е дека ние создадовме ѕид на кои било бугарски барања, а тој ѕид се нарекува преговарачка рамка. Преговарачката рамка има јасно утврдени пори што може да пропушти, што не може да пропушти. И ова беше најдобар пример како едно бугарско ново барање кое ние сметаме дека не е дел од Преговарачката рамка не може да го пробие ѕидот наречен преговарачка рамка. Значи имавме конкретен случај. Јас можам да ви ги доставам двата документи. Предлог со реченицата и протоколите и крајниот изгласан заклучок без протоколите. И тоа ќе биде иднината на односот со Бугарија во однос на преговарачката рамка. Ќе можат да поминат низ порите на преговарачката рамка само тоа што таму е предвидено, а тоа е дека во бенчмаркови за отворање и затворање на поглавја нема прашања поврзани со идентитетските и историски прашања. Да, за малцинските прашања, да, за човековите прав,а затоа што ние баравме да се измести фокусот од идентитетско – историската траекторија на малцинско – човековите права. Така што, ова е најдобриот одговор и на министерката Габриел која што еве не знам така беше пренесено од страна на медиумите дека има нови барања. Барањата ќе бидат само тие што ќе ги пропушти преговарачката рамка и ништо повеќе. И тоа е најголемата заштита за нас, за процесот – оцени Османи на заедничката прес конференција со албанскиот колега Игли Хасани пред Состанокот на Комисијата за партнерство на А5.

Тој појасни дека на 15 и 16 декември кога во Брисел се одржуваше Самитот на ЕУ предлогот којшто стигнал на маса на лидерите во еден од заклучоците за Македонија стоело дека земјата покрај Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија треба да ги имплементира и протоколите, но оти заклучок којшто помина на самиот Самит, не ги содржи протоколите.

Османи истакна и дека до месец март има можност за уставни измени.

Тој вели дека никој нема да може да формира Влада без обезбедена европска иднина.

– Никој нема да може да формира Влада без да обезбеди европски пат за државата, тоа го кажувам и можам да ви потпишам дека никој нема да може да формира Влада доколку, иако јас се уште сметам дека има простор да има измени за време на мартовскиот самит на ЕУ, бидејќи ќе има уште еден самит и сметам дека ова е идеална прилика да продолжиме и во наредните три месеци да се обидеме, но еве хипотетички никој нема да може да формира влада доколку во наредните три месеци од таа Влада нема уставни измени – вели министерот.

Share This Article