„Немам информација за откупот, а службите ќе кажат дали тоа се класифицирани информации. Ако јас имам сертификат за државна тајна, доколку има такво нешто, јас имам пристап, но немам добиено такви информации“.
Вака изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на ТВ 24, велејќи дека во период на хибридни војни треба да сме внимателни со изјавите. Вчера во медиумите се прошири шпекулацијата дека хакери барале милионски откуп од ФЗОМ во форма на биткоини, за да ги вратат личните податоци на Фондот.
– Последното решение е што фондот изнајде начин како да ги исплати платите, при што гледавме и опции директно од трезорот да се платат на вработените – вели Бесими.
Системот на ФЗОМ беше недостапен две недели.