Министерот Бектеши се сретна со претставници на НДИ: Граѓаните преку анкета ќе утврдат како ќе се криеираат наредните мерки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

 

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со претставници од Националниот демократски институт (НДИ). На средбата присуствуваа Вишиот резидентен директор на НДИ Роберт Скот Хејзлет и Насер Бислими, програмски офицер.

На состанокот се разговараше за мерките и активностите кои ги превзема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

На состанокот беше договорено во наредниот период со поддршка на НДИ да се спроведе анкета и истражување на национално ниво за потребите и очекувањата на граѓаните и потрошувачите за економската ситуација во Северна Македонија, пред се за инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот.

Резултатите од спроведената анализа потоа ќе бидат искористени од Министерството за економија и Владата за креирање на нов пакет мерки за граѓаните.

Министерот Бектеши на состанокот потенцираше дека Министерството за економија секогаш ќе го слуша гласот на граѓаните, а согласно резултатите од анализата и мислењето на граѓаните ќе се дизајнираат мерките за поддршка кои ќе се донесат после 30 април годинава.

Share This Article