Министерката за одбрана Славјанка Петровска за состојбата на Косово

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонските институции ја следат состојбата на Косово, граѓаните на Северна Македонија се безбедни, а Белград и Приштина мора интензивно да работат на дијалогот, додека не биде предоцна – одговори на новинарско прашање министерката Славјанка Петровска денеска на прес-конференцијата со норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Таа изрази силна осуда за нападот врз косовската полиција.

– Одблиску ја следиме состојбата во Косово не само како наш сосед, меѓутоа и како земја членка на Алијансата која со свои трупи учествува во рамките на мисијата КФОР. Како министерка за одбрана апсолутно го осудувам нападот над косовската полиција, изразувам жалење кон семејството и се надевам на брзо закрепнување на повредените. Меѓутоа, ова е само уште еден показател дека и Белград и Приштина мора интензивно да работат на дијалогот додека тоа не биде предоцна. Одговорноста на секој еден од нас кои седиме на одредени политички позиции во дадени моменти во државите е да носиме одлуки со кои ќе носиме мир и просперитет на граѓаните, а нема да создаваме конфликти и поделби – рече министерката.

За Република Северна Македонија, рече Петровска, приоритет е ситуацијата во Косово и во регионот да биде стабилна, сè со цел да продолжат процесите, особено интегративните процеси на сите држави од регионот.

Share This Article