Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека не треба да има грижи, бидејќи и со буџет од минус 5 милијарди денари, ќе обезбедат да има плати за вработените во образованието, да се исплаќа финансиската поддршка за учениците и да расте студентскиот стандард

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека не треба да има грижи, бидејќи и со буџет од минус 5 милијарди денари, ќе обезбедат да има плати за вработените во образованието, да се исплаќа финансиската поддршка за учениците и да расте студентскиот стандард.

Како што информираат од Министерството за образование и наука, на вечерашното гостување на Алфа ТВ, министерката зборувала и за актуелните состојби во образованието и промените кои ќе следат за време на нејзиниот мандат.

– Ќе се потрудиме да направиме корисни чекори за да се унапреди квалитетот на образованието и веќе имаме позитивни реакции по однос на одложувањето на Концепцијата за основно образование и ревидирањето на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение – посочила таа.

Осврнувајќи се на инклузијата во образованието, Јаневска дополнила дека МОН предлага измена на законите за основно и средно образование и заедно со стручната јавност и родителите ќе одлучат кое е најдоброто решение за инклузија.

Министерката говорела и дека постои голем притисок врз наставниците за поправање оценки на крајот од учебната година, но дека има план како да бидат ослободени од тој притисок, а од следната учебна година, како што дополнила, ќе се отвори и телефонска линија за пријавување неправилности во работењето на образовните установи.

Share This Article