Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.

Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта

– Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството – истакна таа одговарајќи на прашања на медиумите.

Што се однесува на прашањето околу лиценците за организирање игри на среќа преку Интернет, министерката рече дека Министерството за финансии нема издадено ниту една лиценца, дека ниту една компанија во државата нема лиценца за организирање игри на среќа преку Интернет, вклучително и Државната лотарија.

– Поглавјето 6 од Законот за игри на среќа јасно кажува дека треба да има правилинци од страна на Министерството за финанси врз основа на коишто ќе се лиценцираат компаниите. До овој момент Министерството нема никакви внатрешни правилници врз основа на коишто може некој да биде лиценциран. Лиценцата која што ја имала Државна лотарија, била во периодот со преодни завршни одредби 2015/2017, период во кој што требало да се подготват правилниците кои што за жал се уште не се подготвени и врз основа на тоа понатаму, значи секоја компанија да е лиценцирана. Значи согласно тоа и согласно Законот, во овој момент во делот на интернет игри на среќа не постои компанија во Македонија која што има лиценци – рече Димитриеска Кочоска посочувајќи дека тоа било пријавено пред надлежните институции.

Што се однесува на обвинувањата на опозицијата по однос предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, таа повторно посочи дека се работи за средства што биле планирани и од страна на сега опозициската партија.

– Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти – рече Димитриеска Кочоска.

За забелешките дека наводно се работи за кинески средства, министерката истакна дека средствата во земјата доаѓаат од Унгарија, што нас како држава како што рече, не нѐ интересира.

– Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно? Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет…Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас. Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа ми е важно – рече Димитриеска Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

Share This Article