More

    Министерката ветува брзо решение за штрајкот

    spot_img

    Неопходно е градинките да функционираат непречено и да им се обезбеди згрижување на децата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

    -Во делот на заменските воспитувачи и негователи, согласно законското решение донесено 2014 година се обезбедува непречено функционирање на детските градинки. Затоа им беше посочено на Директорите на установите претходно да ги известат Локалните Самоуправи дека неопходно е да обезбедат згрижување на децата и непречено функционирање на градинките – рече Тренчевска во емисијата Студио 10 на ТВ24.

    Министерката посочи дека родителите се известени дека градинките по закон мора да работат.

    -Установите за згрижување на деца единствено можат да прекинат со работа само во случај на елементарни непогоди за што носи одлука основачот на градинката со претходна согласност на министерството – вели Тренчевска, посочувајќи дека така на родителите им се излегува во пресрет, имајќи предвид дека голем дел работат во приватниот сектор и не можат во секое време да бидат отсутни од работа.

    Таа нагласи дека социјалниот дијалог продолжува и вети дека деновиве, заедно со претставниците на СОНК, ќе најдат решение кое што нема да биде на штета ниту на стручниот кадар во градинките ниту на родителите.

    Таа додаде дека Владата ја зголеми минималната плата и согласно тоа ќе растат и другите плати, посочувцајќи дека за тоа зголемување треба да го изберат најдобриот момент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img