Министерката Тренчевска го „запука“ владиката Петар за неговите ставови за жените

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51 отсто од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, владико. Живееме во демократија“ – му порача на Владиката Петар министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска вчера во објава на својот личен профил на Фејсбук.

Владиката Петар, митрополит Преспанско-пелагониски, во Велигденското послание жестоко го нападна феминизмот и рече дека родовата еднаквост е изопачена. Тој смета дека пред појавата на ова движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани, но се се почесто разведени.

– На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост! Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена, Господ ги создаде машко и женско и сè друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание, е ненормално, а со тоа и неприфатливо – рече митрополитот Преспанско-пелагониски.

Овие ставови на владиката Петар предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи, а меѓудругите и од министерката за труд и социјална политика Тренчевска.

Жената не бара повеќе права, бара исти права и исти можности како и мажите. Ама Владико тоа ти со твоите ретроградни ставови, со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да го разбереш. Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51% од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, Владико. Живееме во демократија. Во време кога можеби не секоја жена е гласна, храбра, но оние гласните и храбри се борат за родова еднаквост. За своите права и правата на секоја друга жена. За правата на секој поединец во општеството“ – напиша министерката Тренчевска.

Од МПЦ-ОА одбија да ги коментираат или да се оградат од ставовите на владиката петар со оценка дека тоа е негови приватни ставови.

Share This Article