Минимално или никакво намалување на цените

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По ланското цунами од зголемени цени за 12,6 отсто во просек, граѓаните не можат да забележат дека цените на основните прехранбени производи се намалени по владината мерка за поевтина струја за прехранбената индустрија, особено не за 10 отсто како што беше најавено.

Има незначително намалување на цените на прехранбените производи, кое е далеку под она што беше ветено од производителите и владата, а дополнително растат цените на производите кои не се опфатени со мерката, а се голем трошок за домаќинствата. Експертите велат дека и без владините субвенции цените на храната треба да се намалат, а ако произвдоителите не го сторат владата треба да ги натера да го почитуваат договореното.

 Минимално или никакво намалување на цените

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека не гледаат намалување на цените од 10 отсто како што беше најавено.

– Смешно е да се вели дека се намалени цените на основните прехранбени производи. Во изминатиов месец само кај белиот леб и маслото има намалување на цената. Намалувањето е незначително и скоро невидливо. Што станува за другите прехранбени производи, а да не зборувам за другите производи кои ги купуваме секој ден или повремено, како безалкохолни пијалаци, кафе, чај, тоалетна хартија, на кои цените им скокнаа овој период. Останатите производи имаат можеби и повисока цена. Излегувам од маркет секој ден со сè повеќе потрошени пари, а сè помалку купени производи. Ветија намалување од 10 отсто, а сега и владата и производителите велат нешто друго. Забораваат дека и евтината струја што ја добиваат производителите ја плаќаме ние граѓаните – вели Ангелина од Скопје.

Ова го потврди и Државниот пазарен инспекторат на почетокот на месецов, цените само на дел од производите се намалиле во декември. Инспекторите регистрира намалување на цената само на белиот леб од 5 денари, на маслото за јадење од сончоглед од 15 до 25 денари за литар и кај белиот шеќер од 3 до 5 денари за пакување

Според Државниот завод за статистика за периодот ноември-декември, имало намалување на цената на лебот и житата за 0,3 отсто, на месото за 4,6 отсто, риба и морски плодови за 0,2 отсто, на млекото за 2 отсто, сирењето и урдата за 2,1 отсто, додека кај маслата и мастите за 3,9 отсто. Зголемување на цената од 0,2, отсто е регистрирано кај шеќерот, медот, чоколадата и кондиторски производи и кај јајцата од 0,4 отсто. Пораснале цените на кафето, чајот и какаото за 2,4 отсто, потоа прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,8 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,7 отсто. Овие производи домаќинствата најмногу ги купуваат.

Нема намалување на цените кај сите производи кои владата ги опфати со своите мерки за намалување на цените и замрзнување на маржите во кои спаѓаат: леб бел – сечен на парчиња или цел, бел шеќер, сончогледово масло за јадење, брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка.

Владата да ги натера компаниите да го почитуваат договореното

- Advertisement -
Ad image

Професор Здравко Савевски вели дека граѓаните се во право кога велат дека има незначително, речиси никакво намалување на цените на прехранбените производи, иако овие цени треба да се намалат како резултат на светскиот тренд на намалување и дополнително поради владините субвенции.

– Иако најавеното намалување на цените од 10 отсто и не е преголемо, граѓаните сепак не можат да забележат некакво намалување на цените, бидејќи тоа е незначително. Така што, практично нема намалување на цените. За ваквото однесување на производителите и нема некое оправдување бидејќи тие имаат два фактора според кои треба да ги намалат цените на производите. Едниот е субвенцијата за струјата што ја користат, а вториот и многу важен е тоа што цената на храната на светските пазари веќе подолг период се намалува. Само поглед на месечните извештаи на ФАО за цените на храната говорат дека тоа е така. Што значи и без субвенциите за струја цените на храната треба да опаѓаат – вели Савевски.

Производителите велат дека прво треба да се почувствува ефектот од пониски сметки за струја во јануари, а потоа ќе следи намалување на цените. Дел од пекарската дејност веќе реагираше со намалување на цената на лебот, а најава за поевтино свежо месо има и од месната индустрија која води интерни преговори.

- Advertisement -
Ad image

– До март не очекуваме драстичен скок на цените на суровините, па цените на производите ќе се задржат на ниво на сегашните кои постепено почнаа да се намалуваат откако владата обезбеди поевтина струја за компаниите, а цената на пченицата почна да се намалува. За висината на намалување на цените одговара секоја компанија според своите влезни трошоци, односно колку струјата влијае во цената на крајниот производ – вели Горан Малишиќ од асоцијацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Од компаниите очекуваат институциите да ги контролираат влезните цени и маржите кај трговците за да можат граѓаните да добијат 10 отсто поевтини производи.

Савевски вели дека Владата треба да реагира кога договореното не се почитува, а за тоа веќе има аргументи.

– Ако владата, да речеме, не се интересира за јавниот интерес бидејќи ги троши парите на граѓаните, и дава непотребни субвенции, тогаш заради својот имиџ треба да им даде на компаниите рок од една седмица за да ги доведат цените на договореното ниво или да ги запре субвенциите за струја и да бара компаниите да и го вратат она што го добиле и да добијат казна за прекршување на договорот. Сериозна влада го штити јавниот интерес – појаснува тој.

Само владата гледа „резултати од мерките“!?

За разлика од граѓаните и експертите, владата гледа резултат од мерката за субвенционирање на струјата врз цените.

– Ние како Влада носиме политики, мерки за да го стабилизираме пазарот. Дали ние можеме да влијаеме на цените на увоз надвор од државата? На тоа не може да влијаеме – изјави деновиве министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој претходно се закани дека владата има механизми да ги натера компаниите за да ги намалат цените на производите.

Според најавите и очекувањата на владата, околу 230 компании од прехранбениот сектор, кои се пријавија за користење на субвенционира електрична енергија по цена од 85 евра за мегават час, требаше да ги намалат цените за 10 отсто.

Фото: МИА

Share This Article