Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60  квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои  23.075 денари или 36,7 %, за облека и обувки 5.728 денари или 9,1%о, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.020 денари или 9,6%, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2.087 денари или 3,3%, за здравје 1.135 денари или 1,8%, за транспорт 4.727 денари или 7,5%.

За комуникации на едно четиричлено семејство во декември годинава  му биле неопходни 3.417 денари или 5,4%,  за рекреација и култура 4.458 денари или 7,1%, за образование 6.984 денари или 11,1%, за ресторани и хотели 4.131 денар или 6,6%, а за останати стоки и услуги 1.100 денари или 1,7%.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.395 денари.

– Забележително е дека од септември кога беше воведена првата мерка од страна на Владата за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10 отсто, тие даваат резултат, делот на храната и пијалаци во Синдикалната минимална кошница кој за декември изнесува 23.075 денари спореден со септември 2024 година (23.034,00 денари) е зголемен за 41,00 денари, со што се потврдува дека мерки се потребни почесто имајќи предвид дека од страна на трговците се злоупотребува секоја прилика за да се богатат на грбот на граѓаните и работниците, се вели во соопштението.

Загрижува тоа што трговците повторно го искористија периодот пред стапување на сила на последната акција и, како што се наведува, евидентно ги зголемија цените, а дополнително и вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалаци за 63 основни производи кои се дел од истата за декември изнесува 23.075 денари е зголемен за дополнителни 397 денари, наместо да биде намален за најмалку 10%.

– Сојузот на синдикатите на Македонија бара мерките да траат подолго, за да може Владата значително да придонесе за зачувување на животниот стандард на граѓаните, а за следната мерка трговците однапред да не бидат информирани за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и работниците, стои во соопштението од ССМ.

Share This Article