Mинималната плата од март ќе изнесува 22.500 денари, а просечната ќе порасне на 39.500 денари, најави министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот Фејсбук профил. Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, повикувајќи се на официјалните пресметки изјави дека минималната плата може да достигне и 23.000 денари.
„Од март 2024 година, нема да има плата помала од 22.500 денари“, напиша Бектеши.
– Од 22.500 до 23.000 ќе биде минималната плата од март 2024 година. Ако земеме колку беше во 2022 година, а колку е сега, имаме над 7.000, речиси 8.000 денари покачување за година и пол на минималната плата – изјави Тренчевска.