Минчев најави големи промени во државната служба

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Реформата во јавната администрација со сите аномалии кои ги има, не е процес кој може да се заврши преку ноќ. Прво тоа е процес на носење закони, но тие мора да бидат содржајни, квалитетни и применливи, за понатаму да следи втората фаза, односно примената на овие закони. Во право сте, имаме преголема, пребавна јавна администрација. Во рамки на новите законски решенија на кои работи работната група во Министерството за јавна администрација ќе понудиме неколку решенија како пилот-проекти кои ќе се однесуваат на делумно скратување на јавната администрација. Ова вечерва го изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев пред состанокот на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA).

Ние, како што рече, би сакале да почнеме со нашиот пример во ресорното министерство, односно на оние органи кои се поврзани со Министерството за јавна администрација, а ќе се однесуваат на кратење на дел од управните одбори.

Одговарајќи на новинарско прашање за реформите во јавната администрација, Минчев рече дека најавените закони се очекува да бидат во валдина процедура на крајот на годината, а во собраниска процедура на почетокот на јануари идната година.

– Имавме отворена дебата каде ги вклучивме сите заинтересирани страни и таа заврши во матичната комисија во Собранието, кое е надлежно за овие закони. Токму овие настани кои се одржуваат, почнувајќи од Љубљана во Тирана, а завршуваат на крајот на оваа година во Скопје, се уште еден показател за намерата на Министерството за јавна администрација да го отвори овој процес, не само внатрешно, туку и меѓународно. Да воспостави една платформа на регионална соработка во која ги би ги црпеле искуствата и од земјите во регионот. Нашите предвидувања се дека овие стратешки закони би биле пратени во владина процедура до крајот на оваа година, а се надевам дека во собраниска процедура ќе се најдат кон почетокот на јануари идната година – изјави министерот Минчев.

Министерството за јавна администрација од вечерва е домаќин на дводневна конференција на министерско ниво на земјите членки на Западен Балкан, под покровителство на Регионалната конференција за јавна администрација (ReSPA). Од овој настан се очекува да произлезат заклучоци и стратешки документи со кои, посочи Минчев, јасно ќе го наведеме нашиот пат кон идните реформи во јавната администрација.

– На маргините на оваа конференција, која ќе трае два дена, вечерва ќе се одржи состанок на Управниот одбор на министерско ниво, на министрите од регионот, на кој очекувам да се донесат неколку значајни документи, заклучоци: Годишниот извештај на (ReSPA), кој се однесува на периодот од 18 октомври 2023 до 18 октомври 2024 година, стратешката ориентација која е координирана со нашите европски паретнери за 2025 до 2030 година и Буџетот на конференцијата ReSPA, кој се однесува на 2025 и 2026 година. Очекувам потпишување или усвојување на заедничка изјава на министрите од регионот, со која јасно ќе наведеме за нашиот план кој следи во наредниот период, односно зголемен интензитет на регионална соработка, практично платформа која ќе ја донесеме на овој состанок со кој ќе ги прецизираме нашите позиции кон нашиот пат кон ЕУ – појасни Минчев.

На состанокот присуствувале министри и високи претставници од земјите-членки на ReSPA, вклучувајќи ја министерката за јавна администрација на Албанија, Адеа Пирдени, министерот за јавна администрација на Босна и Херцеговина, Давор Буноза, министерот за јавна администрација на Србија, Јелена Жарич Ковачевиќ, министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, како и претставници од Европската комисија и други клучни меѓународни партнери.

На седницата бил усвоен Годишниот извештај на ReSPA, буџетот за 2025-2026 година и донесени насоки за идните активности. Дополнително бил донесен и стратешкиот план на ReSPA за периодот 2025-2030, кој ќе ја насочи организацијата кон понатамошно зајакнување на јавната администрација во регионот.

Директорката на ReSPA, Ханџиска-Трендафилова посочила дека постигнатите резултати ја одразуваат непоколебливата посветеност на целиот тим на ReSPA во напредувањето на извонредноста во управувањето со посветеност и визија.

- Advertisement -
Ad image

– Се уште сме определени да ја постигнеме оваа цел преку регионален политички дијалог, учење, зголемување на капацитетите и мрежно поврзување, додека им обезбедуваме на јавните службеници суштински можности за раст и обликување на нова ера на размена на јавни службеници. Нашите значајни постигнувања беа овозможени од силната поддршка на нашите членки на ReSPA и од зајакнувањето на нашите партнерства со клучни институции на Европската комисија, јавни институции во земјите-членки на ЕУ, познати институти, академија и граѓанско општество. За нас во ReSPA, особено охрабрувачки знак е признанието за нашиот придонес во зголемувањето на административните капацитети и поттикнување на реформите во управувањето од страна на лидерите на ЕУ и Западен Балкан на Самитот на лидери на ЕУ-Западен Балкан – посочила таа.

Министерот Минчев го предал претседателството на ReSPA на Црна Гора, со што министерот Дукај ја презел улогата на претседател на Управниот одбор, продолжувајќи ја успешната соработка на ReSPA за иновации во јавната администрација.

Share This Article