Милошоски го пријави Азири во полиција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМЕН, Антонио Милошоски, во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде што пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ, Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, за синоќешните искажани закани со физичко насилство кон Милошоски кои воедно се и говор на омраза, пренесува МКД.

Азири синоќа преку Фејсбук напиша статус кој содржи закани и говор на омраза.

Тој го избришал статусот на Фејсбук, но тој веќе беше пренесен од многу медиуми.

„Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, напиша вчера Азири.

Share This Article