Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, треба да ја покаже резолуцијата со која се потврдува неговиот избор и да докаже дека е висок претставник.
„Не го толкувам Дејтонскиот договор, го прочитав, а таму во Анекс 10 пишува дека високиот претставник е потврден од Советот за безбедност на Обединетите нации“, напиша Додик на својот Х профил.
Додик изјави дека ниту генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш не го потврдил постоењето на ваква резолуција на Советот за безбедност.
„Шмид повторно се обидува да ги преврти работите со лаги“, рече Додик.