Српската пејачка Милица Павловиќ на прославата што ја приреди по повод својот 33 роденден, за српски „Информер“ ги коментираше бројните актуелни случувања.
Милица Павловиќ синоќа, 11 август, го прослави својот 33 роденден во луксузен хотел во Белград.
Пејачката се појави во црн фустан со длабок шлиц и врвки на стомакот, а во таа прилика им се обрати на насобраните новинари и репортери.
Најпрво откри што си купила себеси по повод на својот 33-ти роденден.
– Се почестив со комплет накит. Сакам накит, навистина сакам накит – изјавила Милица.
Пејачката одлучила синоќа да ги собере сите најблиски луѓе на едно место, а бидејќи што е позната како некоја која има многу обврски, нејзиниот прекрасен ден бил идеална можност за такво нешто.
Павловиќ пред насобраните медиуми се појавила во долг провокативен црн фустан. Таа повторно имала долга коса, па открила дека утринава носела перика која пристигнала од Америка, но и дека сериозно размислува да ја скрати косата кратко иако нејзиниот тим е против.
Меѓу гостите била и музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, која долги година е блиска пријателка со Милица.
Како што пишуваат српските медиуми, Милица го изнајмила целиот хотел за роденденската прослава.