Марсела Иглесијас (40), самопрогласената кралица на Холивуд, по потекло од Аргентина, стана „Барби милионерка“.
Марсела своето богатство го стекнала од спрејот за сончање и е една од првите жени во Лос Анџелес која ја понудила оваа услуга. Таа веќе со години го негува имиџот на Барби, па честопати ја нарекуваат и човечка кукла поради бројните пластични операции што ги имала на лицето и телото. Оваа русокоса со бујни гради била гостинка и во вилата на Хју Хефнер, сопственикот на „Плејбој“, и тоа една година пред неговата смрт.
„Не бев модел, ниту познавав некого, но сепак успеав да влезам во вилата на „Плејбој“. Беше навистина одлично, храната и пијалоците беа врвни и потполно бесплатни. Сите танцуваа и навистина беше „закон““, се присетила Марсела во својата исповед за „Дејли стар“.
Според нејзините зборови сите ќе ја паметат таа забава во вилата „Плејбој“ на тема „Кошмар“, на која сите биле во костуми.
За време на забавата го запознала и Хју Хефнер и се фотографирала со него, не насетувајќи дека тоа ќе ѝ биде прва и последна средба со него. Една година подоцна тој почина.
Марсела за себе вели дека отсекогаш била исклучително вредна и дека работела и по три работи за да го издржува семејството.
„Знаев дека ми е предодредено да станам нешто повеќе, да бидам жена каква што сум денес и да создадам своја империја“, изјавила таа.
Марсела се присети како го започнала бизнисот што ѝ донел милиони.
„Имав пријателка која беше модел и имаше агенција. Се сеќавам дека еднаш ми кажа: „Марсела, ни треба спреј за потемнување. Сакаме исончани модели, организирај сè и остани на нашата забава…““
Работата тргнала по нагорна линија и таа продолжила да ги вложува заработените пари. Денес Марсела е основач и извршен директор на една агенција која открива таленти и го промовира животниот стил „Пластичен Холивуд“, но и инвестира во недвижен имот бидејќи тоа е најсигурната инвестиција.