More

    Милионер кој за влакно ќе отидел на патувањето со „Титан“ објави што му пишувал газдата

    spot_img

    ето со подморници е побезбедно од преминување улица, му напишал газдата на компанијата ОушнГејт на еден бизнисмен од Лас Вегас кој во последен момент се откажал од екскурзијата со кобната подморница „Титан“, пишува Дејли Мејл. Газдата пак на ОушнГејт, сега е меѓу петтемина мртви кои беа во милисекунда разнесени од имплозија која се случи на повеќе од три километри под водите на Атлантикот.

    Бизнисменот кој се откажал од патувањето сега ги сподели пораките кои си ги разменувал со починатиот газда. Се работи за милионерот Џеј Блум кој одбил да ја плати картата, иако газдата, Стоктон Раш, му ја нудел за само 150.000 долари, 100.000 долари помалку од она што го платиле останатите патници.

    Поканата приститгнала во февруари годинава. Требало да патуваат милионерот Блум и неговиот син. Раш, газдата на Оушнгејт дури и го однел милионерот на изложба во Луксор.

    Синот на милионерот Блум веднаш се посомневал во целата работа. Раш на ова му рекол:

    – Ќе ми биде драго да имам видео повик со него (синот). Ме интересира што велат неупатените за опасноста и дали е реална или замислена.

    Во една прилика, тие разговарале за тоа како трупот ќе се справи со притисокот или ако дојде во контакт со кит или лигњи.

    – Тоа е многу побезбедно од летање во хеликоптер или дури и нуркање, иако постои ризик. За 35 години немало ниту една повреда во невоени подморници – го убедувал Раш.

    Откако милионерот Блум и синот одбиле да бидат на подморницата, нивните места ги зазеле токму пакистанскиот милионер Шахзада Давуд и неговиот син кои трагично загинаа во несреќата. Тетката на синот Давуд, кој имал само 19 години, рече дека тој бил преплашен од патувањето, но дека го сторил тоа за да ја задоволи желбата на татко му за Денот на татковците.

    Поради големата имплозија на подмоцнирта, телата на патниците можеби никогаш нема да бидат пронајдени. Роботите кои трагаа по нив пронајдоа остатоци од подморницата на само 500 метри од некогашниот брод „Титаник“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img