More

    Милион евра донирани за полицаецот, Нахел доби само 200.000

    spot_img

    Полицаецот кој го усмрти 17-годишниот Нахел во Париз и предизвика невидени бунтови и вонредна состојба, успеал да собере повеќе од 1 милион евра донации преку сајтот Gofundme.com подарени од повеќе од 40.000 луѓе. За разлика од него, семејството на Нахел успеало да собере нешто над 200.000 евра, пишува Баронс.

    Луѓето коментираат дека тоа е затоа што Нахел има потекло од Северна Африка. Бабата на Нахел изјавила дека ѝ е скршено срцето што полицаецот добил донации.

    – Тој го одзеде животот на мојот внук. Овој човек мора да плати исто како и сите – изјави таа за каналот БФЗ во неделата.

    – Имам доверба во правосудниот систем. Верувам во правдата – додала таа.

    Апелот за донации за полицаецот го започнал Жан Месиха, поранешен советник на десничарката Марин Ле Пен.

    „Жан Месиха си игра со оган“, напиша пратеникот на владејачката партија Ерик Боторел на Твитер, нарекувајќи го „непристојно и скандалозно“.

    Шефот на Социјалистичката партија, Оливие Фор го нападна Гофундме, велејќи дека тоа го олеснува „срамното“ собирање.

    Пукањето во вторникот за време на сообраќаен прекин во предградие западно од Париз ги разоткри длабоките политички поделби во Франција. Многу десничарски фигури ги бранеа безбедносните сили, додека оние од левата страна сметаат дека смртта е последица на системскиот расизам во полицијата.

    А немирите и грабежите се чини дека ја продлабочија поларизацијата.

    Снимка од Нахел само неколку дена пред да биде убиен се појави на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img