МИЛИКИЈЕ ХАЛИМИ ИМА ДИПЛОМА ОД ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Миликије Халими, поранешна градоначалничка на Арачиново, а потоа и инспектор во Царина, која сега стана директор на АД „Аеродроми Македонија“, имала завршено економски факултет.

Од нејзиниот кабинет за Канал 5 изјавиле дека Халими има завршено економски факултет, но не прецизирале кога ги завршила студиите и на кој универзитет.

На нејзиниот Фејсбук профил, пак, наведено е дека има завршено Педагошки факултет, иако во јавноста се крена прашина откако таа беше вработена како инспектор во Царина со диплома од завршено медицинско средно училиште.

Премиерот Димитар Ковачевски застана во нејзина одбрана и рече дека за функцијата ја предложила Владата, а дека Халими приложила факултетска диплома.

– Предложена е од Владата на врз основа на унверизитетска диплома којашто ја има и каква што диплома имаат и други функционери коишто обавуваат пратенички или други функции“, рече Ковачевски.

Откако ѝ заврши градоначалничкиот мандат Халими беше вработена во Царина со средно медицинско како инспектор за борба против економски криминал.

За новата функција таа јавно се заблагодари на матичната СДСМ.

Share This Article