Миликије Халими е разрешена од функцијата генерален директор и претседател на Управниот одбор на државното акционерско друштво „Аеродроми“. За нов в.д. директор е назначен Игор Трајановски.
Разрешен од член на УО на друштвото е и Златко Ивановски, а за нов в.д. член и заменик претседател на УО е назначен Мумин Аљиу
Одлуката за разрешување на Халими од функцијата е донесена на 11 декември, се наведува во соопштението на друштвото објавено на Македонска берза.
Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а на крајот на октомври минатата година, беше назначена за извршен директор на државната компанија „Аеродроми на РСМ“.