More

    Милијардерот обвинет дека им се заканил на синдикалците од „Тесла“

    spot_img

    Извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ Илон Маск го прекрши американскиот федерален закон за работни односи со изјава на Твитер дека работниците кои ќе се зачленат во синдикат го губат правото на акции.

    Ова го  соопшти судот кој го водеше спорот на синдикатите и компанијата „Тесла“.

    Американскиот петти окружен апелационен суд, со седиште во Њу Орлеанс, ја потврди одлуката на Националниот одбор за работни односи на САД, според која твитот на Маск од 2018 година претставува незаконска закана што може да ги обесхрабри работниците да се приклучат на синдикат и му нареди на Маск да ја избрише таа порака.

    Судот оцени дека има докази дека твитот на Маск бил имплицитна закана за раскинување на опциите за акции како начин за одмазда против членството во синдикатот.

    „Тесла“ тврди дека твитот за синдикализација не е закана и дека само го земал предвид фактот дека синдикалните работници во другите автомобилски компании не добиле опции за акции.

    Твитот на Маск гласи:

    „Ништо не го спречува тимот „Тесла“ во нашата фабрика за автомобили да гласа за синдикат… Но, зошто да плаќате синдикални такси и да се откажете од опциите за акции за ништо“.

    Во февруари, „Тесла“ ја доби акционерската тужба за уште еден твит од 2018 година на Маск, кога напиша дека е обезбедено финансирање за да се преземе компанијата целосно приватно, што подоцна се покажа дека е лажно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img