Милијардерот лицемерно се повлекол од купопродажниот договор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Компанијата Твитер поднесе тужба против хајтек милијардерот Илон Маск, откако тој се откажа од купување на оваа социјална мрежа.

Онлајн платформата Твитер го обвинува Илон Маск за прекршување на договорот и затоа поднесе тужба. Според Твитер, образложението на Маск за повлекување од договорот за купување, тежок милијарди долари е „лицемерие“.

Маск се откажа од купување на Твитер по цена од 44 милијарди долари поради наводни „лажни и залажувачки“ профили на онлајн платформата. Маск го обвинува Твитер за погрешни податоци околу бројот на спам и лажни профили на платформата.

– Има значително повеќе лажни профили од она што Твитер постојано го наведува, повеќе од 5%, објасни Маск.

Неговите адвокати тврдат дека Твитер не ја исполнил својата обврска од договорот да му достави на Маск пристап до податоците за проверка на бројките.

Твитер, пак, ги отфрла обвинувањата и смета дека повлекувањето на Маск е незаконско. „

– Однесувањето на Маск само потврдува дека тој сака да се повлече од обврзувачкиот договор, кој го потпиша по слободна волја, и дека притоа сака да му наштети на Твитер – се вели во тужбата.

Маск мисли дека може да си дозволи едноставно така да се повлече од договорот, да ѝ нанесе штета на компанијата, да ѝ го расипе бизнисот и да ги уништи вредностите на акционерите, оценија адвокатите на Твитер.

Судот сега ќе мора да донесе одлука дали Маск смее да се повлече од договорот или не. Мултимилијардерот и Твитер во договорот имаат внесено одредба која предвидува казна во висина до милијарда долари доколку една од страните се повлече.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article