Мили Боби Браун, ѕвездата на „Чудни нешта“ (Stranger Things), позната по својот лик Илевн, се омажи за синот на Џон Бон Џови, Џејк Бон Џови, по две години врска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мили Боби Браун, ѕвездата на „Чудни нешта“ (Stranger Things), позната по својот лик Илевн, се омажи за синот на Џон Бон Џови, Џејк Бон Џови, по две години врска, пишува британски „Сан“. Двојката се венча тајно минатиот викенд.

„Тоа беше многу мала, романтична церемонија со најблиските членови на нивните семејства“, велат изворите, додавајќи дека парот планира поголема прослава на крајот на годината.

 

Според добро упатени извори, Џон Бон Џови бил таму, како и родителите на Мили.

 

На почетокот на април минатата година се дозна дека парот се свршил. Тие се заедно од 2022 година, а претходно беа пријатели.

Претходно оваа година Бон Џови потврди дека ќе настапи на свадбената церемонија.

- Advertisement -
Ad image

На прашањето на црвениот тепих на MusiCares за Личност на годината 2024 дали ќе пее на свадбата, тој веднаш одговори за „Дејли мејл“: „Да!

Share This Article