Милевски упати критика до фудбалерите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски по поразот од Хрватска (0-3) на контролниот натпревар во Ријека, посочи дека еден од главните проблеми е минутажата што ја имаат македонските репрезентативци во своите клубови.

– Во секој случај, продолжуваме понатаму, имаме време до септември да ги отстраниме аномалиите во играта кои ни се појавуваат. Но искрено пред сѐ посакувам и се надевам дека оние наши играчи кои имаат проблеми со минутажата во своите клубови, ќе ги решат и до септември ќе бидат многу поконкурентни и во репрезентацијата – истакна Милевски.

Македонскиот селектор упати критика и за тактичката дисциплина, но и за недоволната физичка подготвеност на играчите.

– Не сум задоволен од тактичката дисциплина на моменти во текот на денешниот натпревар и од физичката подготвеност на дел од нашите играчи. Но сето тоа е, ќе повторам, резултат на проблемите кои ги носат од своите клубови. Затоа овие натпревари со вака силни репрезентации се одлична можност да видиме до каде сме и на што треба повеќе да работиме во иднина – истакна Милевски.

Share This Article