Милан Станковиќ шокираше и ги загрижи сите со новата објава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот пејач Милан Станковиќ се повлече од јавната сцена во екот на својата популарност, а во фокусот на медиумскиот интерес е откако се дозна дека пејачот сè повеќе време поминува во манастир.

Пејачот извесно време престојуваше во Грција, каде ги посети светите места и целосно се посвети на духовниот живот. Минатиот викенд беше уловен на рејв забава во Белград, а сега повторно привлече внимание кога на својата инстаграм-приказна ја објави дланката во која држи куп таблети.

„Сите мои суплементи“, напиша Милан, а многумина останаа шокирани од оваа глетка, со оглед на тоа дека во раката држеше точно 10 таблети.

Оваа објава донекаде загрижи многумина, бидејќи се прашуваа дали пејачот претерал и дали е во ред да се пие толку таблети одеднаш.

Да потсетиме, откако поранешната девојка на Милан, пејачката Рада Манојловиќ дозна дека пејачот бил снимен на рејв забава во Белград, таа се зачудила, пишува српски „Блиц“.

– Молам? Боже свети. Не слушнав дека бил на настапот, излезе од контрола, два дена не се слушнавме и еве што направи. Јас го влечам и да се врати од духовниот живот кон цивилизацијата и луѓето. Тој навистина претера – или ќе се замонаши или ќе оди на забава, не може така – рекла Рада.

Share This Article