More

    Милан Поповиќ во емисија изнесе шокантни детали за Северина

    spot_img

    Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, познат и како кралот на бакарот, ги раскажа деталите од врската со хрватската пејачка Северина Вучковиќ и за нивната турбулентна врска и почетокот на конфликтот со неа.

    „Решив да се разведам од Северина по шест месеци, а кога решив да се разделиме, тогаш таа рече дека е бремена. Одлучив дека морам да останам со неа бидејќи не сакав таа да ја прекине бременоста. Јас сум против тоа, но во мојата глава утврдив дека мора да бидеме партнери во родителството, но секоја друга емотивна врска, барем од моја страна, не би можела да биде“, изјави Поповиќ.

    „Додека Северина беше бремена, се гледавме, се дружевме, ѝ ја финансирав бременоста, бидејќи од мене се бараше да ѝ ги надоместам сите трошоци што ги имаше бидејќи не можеше да работи додека беше бремена.

    „Никогаш не сме живееле заедно, се гледавме на викенди, по три месеци почнаа кавгите. Јас си заминував пред да почнат кавгите, веќе не беше пријатно да се биде во таа врска. Не беше пријатно во таа врска. Во тие неколку пати Северина остана бремена“, раскажал Поповиќ.

    „Се грижев за целата бременост, буквално ѝ носев појадок, бев таму присутен и сакав со Северина да бидам партнер во родителството. И тогаш почнаа уцените ако не сум интимен со неа, да спијам со неа, дека таа ќе ми забрани да бидам родител, дека некои луѓе ќе ме посетуваат, некои обезбедувачи“, раскажал Поповиќ за „Ново јутро“.

    „Во јуни 2013 година имавме ситуација, кога ѝ реков дека оваа врска е завршена и тука Северина стана хистерична, бевме на Кипар. По три недели ѝ предложив план за родителство. Потоа се сретнавме во Дубровник и таа рече дека има милион евра кредит, а јас сакав да ѝ го вратам тој кредит и да продолжам да плаќам алиментација од 10.000 евра“, рекол кралот на бакарот и додал дека се чувствува измамено кога е Северина во прашање.

    „Јас се вљубив во личност која глумеше. Се уште се чувствувам емотивно измамен, како некој нејзин финансиски проект“, раскажал како се чувствувал, додавајќи дека мажите не се толку одмаздољубиви како жените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img