Српскиот претприемач Милан Поповиќ, поранешен партнер на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, изнесе детали за нивните судски постапки кои траат со години.
Милан Поповиќ откри дека ќе се бори додека не го докаже она што го смета за клучно за доброто на нивниот син. Според неговите зборови, Северина наводно има одредени психички тешкотии, поради кои тој стравува дека таа може да им наштети на луѓето од нејзината најблиска околина, пишува српски „Информер“.
– Факт е дека Северина има некакво нарушување, но тоа е на струката и на вештаците да го утврдат и презентираат во судот и во центрите за социјална работа. Јас сум компетентен како родител кој се грижи за своето дете. Некој што има такво нарушување може да им нанесе штета на блиските луѓе… Кај Северина се забележува одредена прогресија дека овие испади се случуваат сè почесто и сè поинтензивно. Ако си во состојба да ѝ се закануваш на сопствената сестра, да ѝ зборуваш: „Ќе те убијам, ќе те убијам…“ и да се обидеш да ѝ го отсечеш прстот со остар предмет, тоа значи дека ниту твоето семејство не ти е свето. Логично е да замислам – открил Поповиќ и проговорил за алиментацијата од 10.000 евра и за намерите на Северина кога е во прашање неговиот имот.
– Можам само да претпоставам дека нејзината намера беше да ми земе повеќе од она што сакав да го дадам за алиментација (10.000 евра). Ги анализирам фактите. Имате тужба дека таа бара да утврди постоење на вонбрачна врска. Постои и телефонски повик каде таа бара половина од сè што имав во тоа време – истакнува Милан, па додава:
– Факт е дека Северина не е самостојна, а тоа неодамна го потврди и Игор (инаку поранешен сопруг на Северина) во своето интервју. Таа околу себе го има овој тим кој ги носи сите важни одлуки за неа… Тие луѓе гледаат само на своите интереси, не се со неа затоа што Северина им е драга личност. Нивниот главен интерес е профитот и само профит – порачал на крајот Милан.