Српскиот актер и водител Милан Калиниќ беше на насловните страници на сите медиуми во изминатиот месец поради неговиот развод кој уследи по дведецениската љубов со Сандра.
И додека во јавноста шпекулира што би можело да биде поттик за нивната разделба, поранешните сопружници не се огласија за тоа.
Иако одамна не објавил ништо на Инстаграм, а меѓу последните објави се и оние од одморот летово, Калиниќ повторно е активен и на оваа платформа ги информира своите следбеници за претстојните проекти.
Сепак, тој реши со своите следбеници да сподели емотивен момент со својата ќерка Теа, за која многумина велат дека е огледало на нејзината мајка.
– Мојата блесава љубов порасна – напишал тој во објавата.
Актерот покажа дека сака да го поминува времето со својата ќерка, која неверојатно личи на поранешната сопруга на Калиниќ.
Милан и Сандра одлучија да стават точка на нивниот брак наводно на почетокот на оваа година. Јавноста веќе се посомнева дека нешто не е во ред со оглед на тоа што повеќе не ги гледаа заедно во јавноста, а меѓу објавите на социјалните мрежи имаше сè поретко нивни заеднички.
Поранешните сопружници му ставија крај на бракот, одлучувајќи дека за доброто на децата е најдобро да останат во добри односи и секој од нив тргна по својот пат.
Калиниќ го напуштил домот на Вождовац и во меѓувреме почнал да бара нов стан во кој ќе се пресели.