Мила Рељиќ е задоволна од настапот и продолжува кон нови успеси

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската таеквондистка, Милјана Рељиќ изјави дека е задоволна од настапот на Олимписките игри во Париз, но се надева и на поголеми успеси во иднина.

Рељиќ успеа да ја победи двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, една од најголемите фаворитки, но деби настапот на Олимпијадата го заврши со пораз во четвртфиналето од Либанката, Аун.

– Задоволна сум од настапот на Олимписките игри. Вчера ги завршив борбите. Во првата борба се сретнав со двојната олимписка шампионка, но во борбата влегов храбро и сконцентрирано. Немав никаков стрес или притисок поради тоа што таа беше двапати олимписка шампионка и неколкупати европска и светска шампионка. Со тренерот смисливме добра тактика што да работиме, тоа го работев и на крај победивме. Во втората борба, за жал, тесно изгубив од претставничката на Либан. Борбата беше изедначена, можеби фалеше малку спортска среќа, но направивме добри борби. Тука нема да застанеме, продолжуваме напред кон поголеми успеси – вели Рељиќ.

Share This Article