Пејачката Халси е позната по долгите витки нозе, но сега одлучи да скокне во бикини и да го покаже целото тело.Халси, позната американска пејачка, е речиси исто толку позната по своите музички хитови како и по нејзината неверојатна линија на восхит меѓу обожавателите. Таа обично ги покажува своите долги витки нозе во секоја прилика, но овој пат реши да мами воздишки кај двата пола со својот изглед во мало бикини.
Убавицата моментално е на одмор со своето момче Еван Питерс, а парот ужива во морските радости во Калифорнија, па папараците ги снимиле како се забавуваат на јахта и џет скии. Пејачката во таа прилика облекла само мало бикини со цветен дезен кој го откри нејзиното затегнато и извежбано тело.
Микро гаќичките не можеа да го сокријат задникот на Халси, па токму таа привлече најголемо внимание. На парот воопшто не им пречеше да се фотографираат, тие само се препуштија на своите активности без да внимаваат на папараците.
Инаку, пред Еван, Халси го сакала раперот Џи-Изи. Парот неколку пати раскинуваше, а по последната пауза обвиненијата врнеа од сите страни. Хелси на своето поранешно момче му посвети и голем хит „Without Me“ во кој објасни дека проблем биле неговите „демони“ и изневерувањето.