More

    Мики Рурк го понижи Том Круз

    spot_img

    Во текот на интервјуто со британскиот водител Пирс Морган во понеделникот, наекогаш славниот актер Мики Рурк го нарече својот колега Том Круз „небитен“.

    „Мене тоа не ми значи ништо“, рекол Рурк кога Морган го прашал какво е чувството да се види Том на врвот на киноблагајните со „Топ Ган: Маверик“, продолжението на култниот филм од 1986 година.

    „Типот ја игра истата улога веќе 35 години. Немам почит кон тоа. Не ми е гајле за парите и моќта“, рекол Рурк.

    „Ме интересира да ги гледам Ал Пачино и раните дела на Крис Вокен, Де Ниро, Ричард Харис и Реј Винстон. Таков актер сакам да бидам. Како Монти Клифт и Брандо некогаш“, додал Рурк.
    „Не мислите дека Том Круз е добар актер?“, го прашал Морган.

    „Мислам дека тој е небитен во мојот живот“, одговорил Рурк.

    Минатата година 69-годишниот актер се осврна и на филмовите на „Марвел“ и актерите кои глумат во нив. Рурк, кој има номинација за Оскар, открил дека му се допаѓа серијата „Закон и ред: СВУ“ која почнал да ја гледа во текот на карантинот.

    Во објавата на Инстаграм од мај 2021 година, Рурк ја искористил приликата да го прокоментира „Марвел“.

    Фалејќи ги актерите од споменатата криминалистичка серија – Маришка Харгитеј, Кристофер Мелони, Стефани Марч, Би Ди Вонг и Ајс Ти, Рурк утврдил дека тоа е „вистинска глума“ за разлика од онаа во филмскиот универзум на „Марвел“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img