На автобуската станица во Братунац пристигнале околу 80 мигранти. Секој ден ги има повеќе од 100, велат од автобуската станица Братунац. Повеќето од нив се од Бурунди.
Ни кажаа дека, за разлика од повеќето други мигранти, тие не ја напуштиле својата земја поради недостаток на работа или економска состојба, туку поради безбедност.
Забележлив е и значителен број на малолетници. Цели семејства се таму, а има и такви кои сами тргнале на ова патување. Најмногу велат дека немаат конкретна цел во која земја сакаат да одат, важно им е тоа да е една од западните земји и конечно да им биде безбеден животот.
Заради безбедноста на членовите на нивните семејства или роднини кои се уште се во Бурунди, тие одбиваат да зборуваат кога камерата е вклучена.