Мидлтон по божиќната миса прегрна жена која 20 години се борела со рак

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската принцеза Кејт разговарала со пациентка кој боледувала од рак и ја прегрнала по традиционалната божиќна миса со кралското семејство, откако и самата издржа тешка година со дијагноза на рак.

Принцезата Кејт и принцот Вилијам заедно со своите три деца деца принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6), им се придружија на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила на кратката прошетка од замокот Сандрингам до црквата Света Марија Магдалена.

И на кралот Чарлс оваа година му беше дијагностициран рак. Многу тешка година за британското кралско семејство.

Многу добронамерници дојдоа да ги поздрават, а некои ја поминаа ноќта таму за да го видат кралското семејство на нивната прошетка до црквата во Норфолк.

По богослужбата, која траела околу 45 минути, Кејт ја прегрнала 73-годишната Карен Меклин, од Северен Линколншир, која изјавила дека преживеала „20 години рак“ додека разговарала со принцезата и кралот за болеста.

Таа рече дека Чарлс и Кејт изгледаат „всушност добро, со оглед на тоа низ што минуваат“.

Вилијам ја опиша изминатата година, во која неговата сопруга и татко се лекуваа од рак, како „брутална“. Тој рече дека 2024 година е „веројатно најтешката година во (неговиот) живот“ и „страшно“ искуство.

За потсетување, Кејт подложеше на голема операција на абдоменот, по што лекарите објавија дека откриле рак и ја советуваа да оди на превентивна хемотерапија.

- Advertisement -
Ad image

Во септември таа објави дека го завршила лекувањето, но дека нејзиниот пат до целосно закрепнување ќе биде долг.

Неодамна, враќајќи се на своите службени должности, таа и принцот Вилијам се сретнаа и се поздравија со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани и со првата од неговите три сопруги Шеиха Џавахер во Лондон.

Share This Article