More

    Метју Пери откри во која колешка бил лудо вљубен

    spot_img

    Актерот Метју Пери во своите мемоари под назив „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ (Friends, Lovers and Big Terrible Thing), откри многу досега непознати детали од неговиот живот.

    Пери откри и дека бил вљубен во својата колешка Џенифер Анистон.

    Пред почетокот на снимањето на култната серија „Пријатели“, Метју ја запознал Џенифер во која веднаш се вљубил, а помислил дека и таа ги има истите чувства кон него. Кога добил две работни места во еден ден, во емисијата „Haywire“ и во серијата, првата личност на која ѝ се јавил за да ја сподели среќата вест била Џенифер.

    „Во ретроспектива, јасно ми е дека тоа ја натера да мисли дека ми се допаѓа премногу или на погрешен начин, а јас само ги влошив работите со тоа што ја замолив да излеземе. Таа одби, но рече дека сака да биде пријател со мене. Искомплицирав сè со тоа што реков: „Не можеме да бидеме пријатели“, напишал Пери во книгата.

    На крајот и двајцата ги добија главните улоги во серијата „Пријатели“, а Пери призна дека занесот не му се намалил и дека поради тоа снимањето му било навистина тешко.

    „Доволно рано на снимањето на „Пријатели“, сфатив дека сепак навистина ми се допаѓа Џенифер. Нашите поздрави и збогувања станаа непријатни. И тогаш ќе се прашав: „Колку долго можам да ја гледам? ” напишал тој.

    Со текот на времето, неговата љубов со Анистон избледела, но тој признал дека имал чувства и за Лиза Кудроу и Кортни Кокс за време на снимањето на серијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img