Актерот најпознат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“ откри бројни детали од приватниот живот, но спомена и многу свои колеги.
Станува збор за книга за неговиот живот, наречена „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“. Американските медиуми пишуваа дека во оваа книга има и несоодветен дел, каде што се споменува актерот Кијану Ривс, во која Пери зборува за концептот на дрогата и зависноста кога ја спомнал смртта на познатите личности.
„Зошто оригиналните мислители како Ривер Феникс и Хит Леџер умираат, но Кијану Ривс сè уште оди меѓу нас? Ривер беше прекрасен човек одвнатре и однадвор и премногу убав за овој свет, се испостави. Секогаш изгледа како навистина талентираните момци да си заминуваат“, навел актерот во своите мемоари.
Ова предизвика бурни реакции во јавноста.
На друго место во книгата, тој повторно го нападнал колегата додека зборувал за смртта на актерот и комичар Крис Фарли.
Луѓето биле толку збунети од случајните напади на познатиот актер Кијану Ривс, кој се смета дека е хуманитарец број еден, па многумина се прашуваа од каде доаѓа расправијата. Но, Метју откри за време на Фестивалот на книгата Лос Анџелес Тајмс дека тие пасуси, сепак, нема да се појават во ниту еден нов примерок од книгата.
„Тоа беше злобна работа. Го извлеков неговото име затоа што живееме на иста улица. Јавно му се извинив. Идните верзии на книгата нема да го содржат неговото име“, рекол актерот во оваа прилика, пренесува „Ентертејнмент викли“.