More

    Метју Пери е непрепознатлив

    spot_img

    Метју Пери, за жал, одамна не личи на момчето кое ни го донесе еден од најомилените комични ликови, Чендлер, од мега популарната серија „Пријатели“.

    Пред многу години, некаде кон крајот на емитувањето на серијата стана јасно дека се бори со зависноста од алкохол и од наркотици, за која отворено и зборуваше, но веројатно и сега е во неволја.

    Кога тимот на „Пријатели“ повторно се собра за специјално шоу кон средината на минатата година, најмногу се коментираше како изгледа и се однесува Метју Пери. Оттогаш поминаа четири месеци и дури сега актерот беше виден за првпат и тоа во особено лошо издание.

    Папараците го фотографирале во Лос Анџелес, со кафе во рака. Несреден, со широка маица и со шорцеви, пушел пура по пура. Најзбунувачко е неговото екстремно надуено лице со изразени темни кругови под очите.

    И кога пред неколку месеци се емитуваше специјалот „Пријатели“, најмногу се коментираше Чендлер, односно Метју Пери. Фановите беа загрижени за некогаш харизматичниот Чендлер, кој во едно од интервјуата пред премиерата на таа специјална епизода изгледаше целосно изгубено – пелтечеше, често нејасно и изгледаше мошне дезориентирано.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img