Холивудскиот актер Метју Меконахи на својот инстаграм-профил сподели фотографија со многу отечено око и ги загрижи своите обожаватели. Имено, Меконахи бил каснат од пчела, што предизвикало силна реакција во окото кое му отекло и речиси целосно се затворило и отекло.
Оваа несреќа многумина ја поврзаа со новиот филм што го снима Метју. Станува збор за криминалистичкиот трилер „The Rivals of Amziah King“. Иако мошне малку се знае за филмот, снимката од сетот го покажува Меконахи со неколку кутии мед. Затоа постојат шпекулации дека убодот од пчела се случил во текот на снимањето на филмот, пренесува британски „Мирор“.
Фотографијата на Инстаграм има повеќе од 448.000 лајкови, а бројни негово обожаватели во коментарите ја изразија својата загриженост.
Меконахи во описот на фотографијата напишал: „Отечен од пчела“.
„Што е ова, дали си добро?“, „Те молам внимавај“, „Ау, што ти е окото?“, се дел од коментарите. Многумина се пошегуваа на негова сметка во коментарите. „Треба да видите како изгледа другиот лик“, „Кога животот ќе ти даде пчела, правиш мед“, напишале неговите следбеници.
Во коментарите се огласија и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, манекенката Синди Крафорд и бројни други ѕвезди, посакувајќи му добро здравје на Меконахи.