Метеорскиот дожд „Солзите на Свети Лоренс“ го доживува својот врв овој викенд, ноќта меѓу 12 и 13 август

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Месецот август асоцира на годишниот метеорски дожд Персеиди, кој се смета за најубавиот метеорски дожд во годината, пишува „Гардијан“.

Метеорскиот дожд познат како „Солзите на Свети Лоренс“ го доживува својот врв овој викенд, ноќта меѓу 12 и 13 август.

Услови за набљудување метеори популарно наречени „солзи на Свети Лоренс“ оваа година се извонредни, со оглед на тоа што Месечината тешко дека ќе ја попречи видливоста на овој небесен феномен со својата светлина, а добра е и временската прогноза за викендот.

Од темна локација, ќе може да се видат дури 60-100 метеори како се провлекуваат низ небото во сите правци.

Овој метеорски дожд е предизвикан од минувањето на Земјата низ опашката на кометата Свифт-Татл, која последен пат поминала низ Сончевиот систем во 1992 година.

Share This Article